Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Власта бара нов дефокус, Бугарите „виновни“ и за струјата, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
filipce-sdsm-co-5

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста од реалните проблеми во енергетскиот сектор, овојпат префрлајќи ја вината врз Бугарија.

— реклама —

Од СДСМ реагираат дека во јавните настапи на претставници на ВМРО-ДПМНЕ сè почесто се зборува за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, додека паралелно се пласираат тврдења дека токму тие се виновни за недостигот на мазут и за поскапувањето на електричната енергија.

— реклама —

„Дали сега за повисоките сметки за струја се виновни Бугарите? Или повторно ќе биде виновен Венко Филипче, или Зоран Заев кој веќе пет години е надвор од политиката? Кај ВМРО-ДПМНЕ секогаш некој друг е виновен за нивниот криминал и корупција“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Партијата оценува дека најновите тврдења на власта се „сензационализам без основа“, со цел да се прикријат слабите резултати во управувањето со енергетиката, недостигот на мазут и, како што велат, буџетската дупка од една милијарда евра.

„Добро како ВМРО-ДПМНЕ ги гледа граѓаните? Дали навистина мислат дека може да им продаваат вакви приказни? Да не беше тажно, ќе беше смешно“, порачуваат од СДСМ.

Од опозициската партија повторно побараа одговорност и конкретни одговори за состојбите во енергетскиот сектор, наместо, како што велат, постојано барање нови виновници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 2 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 4 часа

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања