Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Власта ги брка младите од Македонија додека преговара за прием на мигранти, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library733l7eiofjshe9b3UlD
ФБ

СДСМ ја обвини владата на Христијан Мицкоски дека со своите политики ја изолира Македонија, ја претвора во „црна точка“ на Европа и го забрзува иселувањето на младите. Според партијата, додека земјата се соочува со криминал, корупција и пад на животниот стандард, власта тајно преговара за прием на мигранти.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека европските транспортни коридори ја заобиколуваат Македонија, сиромаштијата расте, граѓаните имаат сè помалку пари, а младите сè почесто заминуваат во странство. Во такви услови, велат од опозицијата, Владата води разговори за враќање и трајно сместување мигранти во земјата.

— реклама —

Партијата нагласува дека бројни британски медиуми веќе известиле за овие разговори, додека, како што велат, македонската влада се обидува да го ублажи скандалот. Според аналитичари во Обединетото Кралство, Македонија се споменува како можен домаќин на дел од мигрантите, што би подразбирало нивно трајно сместување, интеграција, домување и вработување.

— реклама —

„Не може младите да си заминуваат, а власта да преговара за носење мигранти“, реагираат од СДСМ, оценувајќи ги овие политики како опасни и штетни за државата.

Од партијата порачаа дека со целиот свој капацитет ќе се спротивстават на ваквите планови и ги повикаа граѓаните, невладините организации и целото општество да кажат „не“ на, како што велат, антидржавните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„За Македонија се работи – работата не е завршена“, стои во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 час

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 6 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања