Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Власта тврди дека економијата стабилизира: „СДС ја задолжи државата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
pari

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ за лоши економски политики, изнесе податоци со кои, според него, се покажува спротивното.

Тој посочи дека инфлацијата на храната значително е намалена во споредба со претходните години.

— реклама —

„Во 2022 година инфлацијата на храната беше 24,8%, во 2023 година 16,8%, додека денес во 2026 година е 4,9%“, изјави Петрушевски.

Според него, и цените на горивата се намалени во однос на периодот на претходната власт.

— реклама —

„Во 2022 година цената на горивата беше 110 денари, а денес е околу 90 денари, односно околу 1,5 евра“, рече тој.

Петрушевски нагласи дека се зголемуваат и платите и пензиите, посочувајќи дека во јавниот сектор се планира раст од 40 до 60 проценти до 2028 година, додека пензиите, како што рече, за година и пол се зголемени линеарно за 7.000 денари.

Дополнително, тој истакна дека државата редовно враќа долгови, во просек околу две милијарди евра годишно.

„Ако граѓаните сметаа дека СДС воделе добри економски политики, ќе им ја дадеа довербата на нив, а не на нас“, изјави Петрушевски.

Тој додаде дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, обвинувајќи ја партијата дека во период од седум години ја задолжила државата повеќе отколку сите влади од 1991 до 2017 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања