Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0orvr2f1biodbha8JkM

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС, наместо да се дистанцира, го релативизира и штити криминалот на Артан Груби и координирано го брани, предводено од Филипче. Тврдат дека СДС избегнувале да го спомнат Груби и на седница за пратенички прашања, од страв од негово сведочење. Како пример ја наведуваат изјавата на Јована Тренчевска дека спорната одлука на тогашната влада била колективна и дека не е фер само Груби да одговара. ВМРО-ДПМНЕ прашува дали СДС се плаши од можни инкриминирачки изјави и бара правда, транспарентност и одговорност за секој со утврдена вина.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС наместо да застане на страната на правдата и одговорноста, продолжува да го релативизира и штити криминалот на Артан Груби. Наместо да се дистанцираат, СДС на чело со Филипче координирано го бранат Груби. СДС го штитат Груби повеќе дури и од што го штитат менторот Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС се толку многу исплашени и бегаат од темата за Артан Груби што на собраниска седница за пратенички прашања ниту поставија прашање, ниту пак името му го спомнаа.

— реклама —

СДС се толку вознемирени и нервозни од апсењето на Артан Груби поради стравот од сведочењето на Груби и неговите изјави кои може да повлечат и поранешни високи функционери на СДС.

Тренчевска со сите сили се потруди да ја колективизира одговорноста за одлуките на тогашната влада на СДС и ДУИ.

— реклама —

Потпретседателката на СДС Јована Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, каде се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада.

Дали со ова СДС се подготвени да жртвуваат одредени нивни функционери се со цел да го заштитат Груби? Што знае Груби па цела СДС се плаши за да не посведочи за одредени криминали?

Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДС знаеше за криминалот во Државна лотарија и молчеше за спас на коалицијата со ДУИ.

Граѓаните очекуваат правда, никој не смее да биде над законите. Заврши времето на политичка заштита на поединци, време е за транспарентност и владеење на правото.

Одговорност мора да има за секој за кој ќе се утврди вина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 14 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања