Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков направија многу повеќе за една година отколку СДСМ за четири години, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Pecakov-29.10.2022

Кристина Крлеска-Деспотоска се дрзна да ја критикува Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков откако СДСМ залудно потроши четири години исполнети со неработа, неспособност и лаги. Охриѓани ги гледаат и чувствуваат промените, само одредени партиски послушници на СДСМ никако да се соочат со вистинската реалност, вели ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

— реклама —

„Штом веќе ги тргнале розовите наочари да им ја освежиме меморијата и да ги потсетиме и запрашаме:

— реклама —

Кои катни гаражи и ликови на плоштадите ги бараат, тие кои за 4 години не ги направија?

— реклама —

Но, нека не се грижат ние сме тука за да градиме и реализираме, за разлика од нив кои единствено беа експерти за бројните дивоградби и загрозувањето на статусот на Охрид под УНЕСКО.

Градоначалникот Пецаков работи за подобар Охрид и мнозинството во Советот носи одлуки за доброто на сите охриѓани и транспарентно ги троши средствата од Буџетот.

За една година долговите кои ги остави криминалната власт на СДСМ се исплаќаат без воопшто да не се генерираат нови.

Вложено е посебно внимание на условите во кои работат училиштата и спроведени се инвестиции во сите училишта кои за првпат немаат никаков долг. За првпат првачињата добија по 3000 денари, за лицата со ретки болести и посебни потреби се обезбедија стипендии, како и образовен додаток по 6000 денари за студенти од семејства со социјален ризик. Отворен е Младински центар, прв во Македонија. Велгошти добива повеќенаменско игралиште. Санирани се и реконструирани детски игралишта на повеќе локации, а огромна финансиска поддршка се дава на спортски настани, клубови, манифестации и спортисти, како и на културни манифестации, здруженија и настани.

Булеварот „Македонски просветители“ донесе автентичен лик на централното подрачје, реконструирани се улиците „Момчило Јорданоски“, „Прилепска“, „Будва“, асфалтирани се повеќе улици низ општината, извршена е санација на потпорни ѕидови и поплочување.

Реконструкција на водоводна линија на улиците „Ѓорче Петров“, „Ирина Мирка Гинова“, „Бранко Шотра“, нов цевковод во Шипокно и уште многу проекти за осовременување на водоводната мрежа. Нова фекална канализација на „Будва“, „Винковачка“, „Живко Чинго“, во село Лескоец и уште многу инвестиции за подобрување на системот за отпадни води. Постигнатите резултати на јавните претпријатија доволно зборуваат за грижата кон

охриѓани и Охрид.

Од партиски популизам и поигрување со националните чувства и понижување на Македонците друго ништо повеќе не знае СДСМ. Нека гледаат и учат како се работи, како се реализираат проекти и како се сака Охрид

со дела“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања