Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Криминал од 100 милиони денари со куќен притвор – судството на СДС охрабрува криминалци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на одлуката сопственикот на компанијата „Марковски“, Борче Марковски, осомничен за криминал тежок 100 милиони денари, да биде испратен во куќен притвор, оценувајќи дека ова е доказ за „купено и уценето судство“ под контрола на СДС.

„Филипче вчера викаше дека судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор“, стои во реакцијата на партијата, која потсетува дека уште пред две години предупредувала на сомнителни тендери доделени на оваа компанија.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, фирмата „Марковски“ во период од две години заработила околу 200 милиони евра преку државни договори, а сега е осомничена дека тендерите биле местени. Финансиската полиција го уапсила сопственикот Борче Марковски, кој се товари дека го оштетил буџетот на државата за 100 милиони денари.

„Тендерите за кои предупредувавме дека се местени за омилената компанија на СДС да си ќари уште некој денар плус, излегоа вистинити. Денес сме повторно сведоци како СДС излегува во пресрет и преку нивното купено и уценето судство, на сопственикот на компанијата Марковски му се досудува куќен притвор“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „100 милиони денари се еднакви на куќен притвор“ и додаваат дека „тоа е судството како пупка отворено од Заев, Филипче и СДС“.

„Наместо да ги казнува криминалците, судството им дава кураж да продолжат со криминалот и да не одговараат. Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни се и правда и одговорност“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 17 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 21 час

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања