Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Левица призна за парите и се заплетка во лагите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Левица на прес-конференција практично признала дека податоците кои биле доставени од свиркачи, а се однесуваат на парични средства кои од сметката на партијата завршиле во џебови на нејзиното тесно раководство, се точни.

Од партијата нагласуваат дека парите од сметката на Левица, по различни основи, завршиле кај раководството, а дополнително посочуваат дека Јована Мојсоска самата изнела информација дека била сметководител на Левица. Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку ова е вистина, станува збор за противзаконски акт.

— реклама —

Во соопштението се повикуваат и на Законот за пратениците, при што детално се цитираат членовите:

  • Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“

  • Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“

  • Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

„Законот е јасен – Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, таа сериозно го прекршила Законот,“ стои во соопштението.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Левица, „бегајќи од вистината, се заплетка во сопствените шеми за извлекување партиски средства за лични потреби на раководството“.

Во реакцијата се наведува и дека „под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост, партијата испумпува пари на лични трансакциски сметки“.

„Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кој се испумпуваат средства. Вистината е на виделина – Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа,“ се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања