Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска трипати земала по 54.000 денари од партиската сметка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
jovana-mojsoska

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека делата на пратеничката Јована Мојсоска и Левица ја демантираат нивната јавна реторика за чесност и скромност. Според соопштението на партијата, иако Мојсоска е пратеник во Собранието, годинава трипати инкасирала по 54.000 денари од партиската сметка.

— реклама —

„Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. Нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста целосно ја демантираат нивната реторика. Тие се разобличени и демаскирани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според нив, документи доставени од „свиркачи“ од внатре во партијата покажуваат дека Мојсоска на 26 април 2024 година подигнала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули 2025 година трипати земала по 54.000 денари, иако веќе добива пратеничка плата.

— реклама —

„И Мојсоска не е изолиран случај. Целото раководство на президиумот на Левица го покажа своето вистинско лице и лицемерие. Пред граѓаните се претставуваат како скромни луѓе од народот, а зад грб инкасираат пари од сопствената партија налик на патни трошоци“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму прашуваат зошто, доколку веќе зема пратеничка плата, Мојсоска и нејзините сопартијци посегнуваат по дополнителни средства од партиската каса. „Нели е лицемерно да глумите аскети, а во исто време да ја цедите сопствената партија?“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања