Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Новото“ раководство на СДС е рециклиран модел на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library5rju4un1ggs518nE3sj

Колку и да се обидуваат да ја прикажат како „обнова“, сликата за Социјалдемократски сојуз на Македонија е јасна – тоа е партија која не пропаѓа поради грешки, туку поради сопствената заблуда дека јавноста нема меморија и дека истите луѓе од времето на Зоран Заев можат повторно да се продадат како решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Именувањето на Александар Наумоски и Драган Крајовски за членови на Извршниот одбор на СДС, според ВМРО-ДПМНЕ, не претставува кадровско освежување, туку јасно признание дека партијата нема намера да се откаже од политичкиот модел на Заев.

— реклама —

„Наумоски, како поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров, во својот мандат остави општина со сериозен недостиг на вода, пренатрупани градинки и депонија која со години претставуваше еколошки проблем. Наместо решавање на овие прашања, уште на почетокот на мандатот си ја зголеми градоначалничката плата, а во последните шест месеци се обиде да протурка 25 урбанистички планови со брзина што, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не ја покажал кога станувало збор за јавниот интерес.

— реклама —

Дополнително, неговиот мандат бил проследен и со низа спорни тендери, меѓу кои и набавка на две машини за перење за градинка по цена од 25.500 евра, од фирма која редовно добивала општински тендери.

Од друга страна, Крајовски, како директор на затворот „Црн мост“ во Битола, според ВМРО-ДПМНЕ, го демонстрирал она што СДС најмногу го вреднува – молкот. Молчел кога избил пожар во ќелија и бил повреден затвореник, молчел кога европски средства за реновирање завршиле во објект кој почнал да се распаѓа по само две години, како и кога службени возила биле користени за приватни патувања во Албанија и Србија.

„И потоа, со сериозно лице и ароганција во телевизиски настапи, Венко Филипче сето ова го претставува како ‘реформски капацитет’, со што директно ја потценува јавноста“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Филипче со ова испраќа јасна порака дека не бара излез од моделот на Заев, туку напротив – се обидува да го нормализира неговото влијание преку претставување на стари кадри како „нова енергија“.

„СДС одамна се откажа и од логика и од срам. Овие две старо-нови имиња се доказ дека во партијата суштински ништо не е сменето“, се наведува во реакцијата“, велат ид ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 29 минути

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 3 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 5 часа

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања