Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски срамно му припиша бугарско етничко потекло на Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Нема кој не ја слушна срамната изјава на Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин. Тој тоа го направи на своја рака, без никаква консултација со експертите и историчарите. Правејќи се голем авторитет, лекомислениот и кусогледиот Пендаровски им наштети на македонските позиции. Неговата изјава експресно се прошири во Софија, особено во негаторските кругови и истата беше користена како аргумент.

Пендаровски постапи како да е член на историската комисија, ама од бугарската страна. Неговата катастрофална изјава нанесе невидена штета. Оваа изјава со која Пендаровски си зема право да му дава бугарско етничко потекло на Гоце Делчев по ништо не се разликува од ставовите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Овој човек кој важи за еден од најголемите негатори на македонскиот идентитет му давал политичка поддршка на Стево Пендаровски во 2019 година (според личното признание на Пендаровски).

— реклама —

Дали Пендаровски за да му се заблагодари на Ковачев за политичката поддршка ја даде оваа штетна изјава дека Гоце Делчев е Бугарин?

Дали Пендаровски овој став за Гоце Делчев го стекнал контактирајќи со Андреј Ковачев ? Знае ли Пендаровски дека оваа изјава е една од многуте негови стратешки грешки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 15 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 20 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања