Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче, наместо да го анализираат сопствениот дебакл од околу 130 илјади гласа, ликуваат и се радуваат на изборни резултати во други држави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ и лидерот Венко Филипче дека повеќе се занимаваат со избори и политика во други држави отколку со состојбата дома, игнорирајќи го, според нив, историскиот изборен пораз во Македонија. Според соопштението, СДСМ наместо внатрепартиска анализа слави победа на унгарската Тиса (ЕПП), додека нивната сестринска партија таму освоила 1,18%. ВМРО-ДПМНЕ додава дека СДСМ не се дистанцира од Заев и најавува продлабочување на соработката со Унгарија, со честитки до Тиса и Петер Маѓар.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС под водство на Венко Филипче, кој му ја чува фотелјата на Заев, се однесува како да е партија во некоја друга држава, а не во Македонија, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче критикуваат влади и високи државни претставници на други држави како да се дел од политичкиот живот на тие држави.

— реклама —

Филипче и СДС отидоа до таму, повеќе да ги следат, анализираат и да ликуваат на избори и изборни резултати во туѓи држави, отколку во сопствената. Изборите во Македонија за СДС и Венко Филипче како да не постоеле и како на нив да не доживеале историски дебакл.

Наместо да се занимаваат со внатрепартиска анализа како партијата ја доведоа до околу 130 илјади гласа, Филипче и ова раководство, се радуваат на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е член на Европската народна партија, односно ЕПП каде што е членува и ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

За да биде апсурдот уште поголем, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски Социјалисти освои само 1,18% од гласовите, што е нешто слично со рејтингот кој партијата го има во Македонија и е многу близок до рејтингот на Филипче.

Некогаш релевантна и кредибилна партија СДС, Филипче заедно со неговиот ментор Заев, ја доведоа во ситуација со секој изминат ден се повеќе да тоне во жива кал од која не знаат како да се извлечат.

Па така, изгубени во просторот, без никаква воздржаност, СДС и Филипче го слават историскиот пораз на нивната сестринска партија.

Ова е уште една потврда дека СДС и Филипче прават се, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од аболираниот криминалец Зоран Заев, кој ги доведоа до ова ниво, тие, не само што го величаат, туку продолжуваат по неговите стапки.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на билатералната соработка со пријателска Унгарија и очекува таа соработка на државно ниво да продолжи да се развива и продлабочува, и воедно му ја честита изборната победа на партијата Тиса и господинот Петер Маѓар“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања