Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ со напад: Филипче „слави“ победа на сестринска партија на ВМРО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДСМ дека се наоѓа во сериозен политички пад, оценувајќи дека лидерот Венко Филипче „слави туѓи изборни победи“ наместо да се соочи со состојбата во сопствената партија.

Од партијата посочуваат дека на парламентарните избори во 2024 година СДС освоила 18 пратеници, што го оценуваат како најслаб резултат во нејзината историја, додека на локалните избори минатата година поддршката се свела на околу 130 илјади гласови.

— реклама —

„Ако трендот продолжи со ист интензитет, следните избори може да ја донесат бројката под 100 илјади. Катастрофата веќе се случува кај СДС. А Филипче слави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, лидерот на СДСМ „одлучил да прослави победа на политичка партија во друга земја како да е негова лична победа“, иако, како што додаваат, станува збор за сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, додека „сестринската партија на СДС на истите избори доживеала дебакл“.

— реклама —

„Постои реален свет, и наспроти тоа постои Филипче како Алиса во земјата на чудата“, наведуваат од партијата, додавајќи дека СДСМ не ја препознава сопствената политичка позиција и не прави самокорекција.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека наместо да се фокусира на домашните проблеми и причините за падот на довербата, СДСМ се занимава со, како што велат, „туѓи изборни процеси кои немаат никаква врска со нив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 14 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања