Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања: Филипче глумел патриот, а туркал мигрантски камп во Бардовци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што наведуваат, „пукнал меурот“ од конструкции и лаги на СДС околу темата за мигрантите и дека документи и докази целосно ја разоткриваат, според нив, хистеријата што ја создавале СДС и Венко Филипче. Од партијата оценуваат дека јавноста сега јасно може да го види лицемерието на СДС, кои, како што велат, ширеле лажни вести за непостоечки теми и истовремено глумеле патриотизам.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за разлика од, како што ја нарекуваат, „глумата“ на Филипче и постојаното менување ставови на СДС, тие имаат јасна и конзистентна државотворна позиција против политики кои ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните, додавајќи дека партијата и во минатото и денес водела антиемигрантска политика.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, фактите биле јасни и документирани и покажувале дека СДС, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче, имала план Македонија да стане дестинација за мигрантски кампови. Во соопштението се наведува дека постоеле конкретни планови, јавни изјави и политичка волја за сместување мигранти во земјава, вклучително и во Скопје.

Партијата тврди дека во 2018 година била усвоена одлука за изградба на мигрантски камп во Бардовци, за што, како што велат, постои и официјален доказ во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Филипче тогаш го поддржал и „туркал“ овој проект, додека денес, според нив, се обидува да се претстави како принципиелен противник на мигрантските политики.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека Филипче, наместо да одговори на конкретни прашања, „бега од новинари и новинарски прашања“ и се обидува да ја дефокусира јавноста со, како што велат, лажни теми и спинови. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека наместо паника и манипулации, СДС треба да одговори колку мигранти биле подготвени да примат во 2018 година, кој ги договарал камповите и зошто тогаш Филипче молчел, а денес настапува како жесток критичар.

На крајот, од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче треба да се фокусираат на, како што велат, „мигрантите од сопствените редови“ кои ја напуштаат партијата и да започнат сериозна внатрешна реформа, додавајќи дека на Македонија ѝ е потребна зрела и конструктивна опозиција, а не политика базирана на лаги и страв.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 15 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 20 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања