Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ со жестоки критики: „СДС ќе се сведе на уште помалку гласови“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-libraryiafq8mcg92hr4Q1b2cH

ВМРО-ДПМНЕ го критикува лидерот на СДСМ Венко Филипче дека ја води партијата во погрешна насока, станува арогантен и „оттргнат од реалноста“, наместо да се соочи со внатрешните проблеми и падот на поддршката. Тврдат дека СДС се занимава со избори во други држави, како Унгарија, и дека Филипче неоправдано се поврзува со победата на партијата Тиса, која, според нив, е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ. Власта ја бранат со наводни резултати (договор со Британија, тарифи со САД, постмониторинг со Советот на Европа) и го обвинуваат СДС за неточни тврдења, конфликти и глумење жртва.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО-ДПМНЕ упати серија остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја води партијата во погрешна насока и дека се однесува, како што велат, „целосно оттурнат од реалноста“.

Од партијата наведуваат дека СДС, наместо да се фокусира на внатрешните состојби, се занимава со политички случувања во други држави, посочувајќи ги изборите во Унгарија како пример.

— реклама —

„СДС и Филипче стануваат сè поарогантни и делуваат целосно оттурнати од реалноста. Не се соочуваат со сопствените слабости, и покрај реакциите од јавноста и поранешни членови дека партијата се води во бездна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Филипче „се однесува како лично да има удел во победата на партијата Тиса во Унгарија“, иако, како што тврдат, станува збор за сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, а не на СДС.

— реклама —

Во реакцијата се наведуваат и низа други теми, меѓу кои изјавите за договорот со Велика Британија, тарифите со САД и постмониторингот со Советот на Европа, при што од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Владата постигнала резултати, додека СДС, според нив, изнесувал неточни тврдења.

„СДС се сведе на 130 илјади гласови по локалните избори и ќе се сведе на уште помалку ако Филипче продолжи вака“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДС влегол во конфликти со сопартијци, медиуми и новинари, а истовремено, како што велат, „постојано се претставува како жртва на црни кампањи“.

„СДС и Венко Филипче да почнат да се занимаваат со сопствената партија, затоа што со ова темпо ќе ја доведат до раб на исчезнување“, се наведува во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања