Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одбива 40 отсто повисоки плати по партиска директива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Сојуз на синдикатите на Македонија дека, наместо да ги застапува интересите на работниците, дејствува по партиски директиви на СДСМ и Левица, одбивајќи, како што наведуваат, историско зголемување на платите во јавниот сектор.

Од владејачката партија тврдат дека раководството на ССМ, предводено од Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и Иван Пешевски, го одбило предлогот на Владата за зголемување на платите за 40 отсто, односно за повеќе од 10.000 денари до 2028 година, и тоа не поради интересите на работниците, туку поради одбивање да се потпише нов колективен договор.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, предложениот договор предвидува раст на платите согласно Законот за минимална плата, дополнет со уште осум проценти годишно, со што вкупното зголемување би достигнало најмалку 40 проценти во наредните три години.

„ССМ бара зголемување од 6.000 денари, добива над 10.000 и го одбива. Бара минимална плата од 600 евра, ја добива и повторно ја одбива“, се наведува во реакцијата, при што од партијата оценуваат дека ваквото однесување е резултат на политичка сервилност, а не на синдикална принципиелност.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително тврдат дека новиот колективен договор би овозможил минималната плата на административните службеници да достигне 600 евра во рок од две години, додека, како што наведуваат, дел од синдикалните лидери примаат месечни плати повисоки од 80.000 денари, како и дополнителни надоместоци кои, според нив, во една година надминале еден милион денари.

Во соопштението се упатува повик до раководството на ССМ да престане, како што се наведува, со политичко дејствување и да го прифати предлогот на Владата за постепено зголемување на платите и за обезбедување минимална плата од 600 евра за административните службеници до 2028 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 17 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 22 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања