Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”, таткото на Надица Наунова со емотивна објава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Коментари
media-librarylhu8rh5t7kghaNnw55f

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на социјалните мрежи емотивно се огласи таткото на Надица Наунова, Александар Наунов, кој истакна дека времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете, и дека Надица ќе живее засекогаш во неговото срце и душа.

— реклама —

„Ќерко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…

Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите.

Ќерко моја, куќата без тебе не е куќа. Тишината без твојата смеа е потешка од секој крик. Секое утро се будам со надеж дека ќе те видам, дека ќе го слушнам твојот глас… но наместо тоа, ја гушкам празнината што остана зад тебе.

Една година те барам во соништата, во ѕвездите, во секој ветер што ќе помине. Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите чекори што никогаш повеќе нема да се слушнат.

Но знај едно, керко моја…

Ти не си само спомен.

Ти си моето срце.

Ти си мојата душа.

И додека јас дишам – ќе живее и твоето име.

Почивај мирно, ѕвездо на татко ти.

Ќе те сакам до последниот мој здив“, напиша Наунов.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања