Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Хрватска испраќа четири авиони во Дубаи за евакуација на државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Хрватска во среда и во наредните денови ќе испрати четири авиони на Croatia Airlines во Дубаи за евакуација на хрватски државјани кои останале заглавени во Обединети Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, соопшти Министерството за надворешни и европски работи.

„Утре и во текот на наредните денови испраќаме четири авиони на Croatia Airlines, со можност за дополнителни опции“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман договорил со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед ал Нахјан, и два авиона на локална авиокомпанија кои ќе превезат хрватски државјани од Дубаи.

Според податоците, во ОАЕ моментално се наоѓаат околу 2.000 хрватски резиденти, од кои 300 побарале репатријација, како и 460 туристи кои исто така сакаат враќање во татковината.

— реклама —

Министерството информира дека досега се евакуирани хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин. Од Оман, каде што имало 23 државјани, 12 се евакуирани преку Истанбул кон Загреб, додека останатите имаат можност да заминат кон Дубаи.

Хрватската амбасада во Доха обезбедила и 30 места на австриски лет од Ријад, при што приоритет ќе имаат деца, болни лица, бремени жени и членови на нивните семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања