Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

За Каевски, сѐ што е опозициско не чини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
darko-kaevski

„Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и стопанството“, вели Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

Тој додава:

— реклама —

„Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра веќе дава резултати, цената на горивата постојано се намалува, а со укинувањето на ДДВ за основните производи ги штитиме семејните буџети од нови ценовни шокови.

Но кризата како да не важи за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Речиси да нема ден во кој не се појавува нов доказ за расипништво на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Вчера објавивме дека само четири градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошат еден милион евра за партиски вработувања.

Градоначалниците на Град Скопје, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров годинава ќе потрошат скоро еден милион евра за вдомување на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

И партизацијата на општините не завршува тука. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ оваа година ќе потроши четири милиони денари или скоро 70.000 евра за вработување партиски послушници.

За потсетување градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најгласни дека општините немаат пари да платат струја и парно а истите со народни пари вдомуваат нивни сопартијци.

За сето ова време, Христијан Мицкоски кој во јавноста глуми загриженост за економскиот стандард, за ова расипништво молчи, и не ги повикува градоначалниците да престанат со трошењето на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Очигледно е дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања