Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М. (41) од гостиварско поради сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.
Според МВР, на 17 април 2026 година пријавениот преку мобилен телефон испратил пораки со заканувачка содржина до 36-годишна жена со која претходно бил во љубовна врска.
Следниот ден, на 18 април, на паркинг-простор во Гостивар, тој физички ја нападнал жената со метален предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.