Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Започна 13. издание на Охридскиот хорски фестивал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
301501700_493647889441897_3821130347368866115_n

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вечерва го отвори 13тото издание на Охридскиот хорски фестивал

— реклама —

„Вечерва имав чест да присуствувам на свеченото отворање и да го прогласам за отворено 13тото издание на Охридскиот хорски фестивал.

— реклама —

Охридскиот Хорски фестивал заедно со фестивалот Охридско Лето и Балканскиот фестивал на народни песни и ора полека но сигурно го зазема приматот на културната мапа на Охрид и Македонија. Неговото значење е огромно не само на културен туку и на научно образовен, туристички и економски план затоа што од година во година расте бројот на посетители и гости кои доаѓаат во Охрид со желба да ја слушнат духовната музика и да бидат дел од ова случување кое се одржува неколку ноќи на различни локации во градот.

— реклама —

Посакувам успешно фестивалско издание и реализација на секоја содржина што сте ја предвиделе. Секако да одвоите време и за себе, да се прошетате низ убавиот Охрид кој е идеален склоп од традиционалното и модерно време. Посетете ги културно историските знаменитости, влезете во барем една од 365- те охридски цркви. За миг „заминете“ неколку столетија во минатото со посета на Античкиот театар и бидете дел од царска Македонија кога ќе стапнете на Самуиловите крепости. Ноќите минете ги крај нашето убаво езеро слушајќи го неповторливиот шум на брановите или посетете некое од бројните кафулиња на охридската ривиера“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања