Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зеленски ги коментира изјавите на Трамп и Путин за прекинот на огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-17.55.24

Откако Владимир Путин попладнево даде комплексен одговор на американско-украинскиот предлог за прекин на огнот, реагираше украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Во вечерната изјава, Зеленски ги опиша зборовите на Путин како „многу предвидливи“ и „многу манипулативни“, велејќи дека рускиот претседател се подготвува да го отфрли предлогот за прекин на огнот. Потсетиме, Путин рече дека сака мирно решавање на конфликтот, но со одредени услови, кои најверојатно ќе вклучуваат територијални отстапки.

— реклама —

„Путин, се разбира, се плаши директно да му каже на претседателот Трамп дека сака да ја продолжи оваа војна, дека сака да убива Украинци. Затоа Москва ги поставува условите за молк на тој начин што ништо нема да се случи или дека ќе се одложи што е можно подолго“, рече Зеленски.

— реклама —

Тој изјавите на Путин ги нарече „уште една руска манипулација“.

Зеленски истакна дека Украина не поставува услови кои ги отежнуваат преговорите, додека Русија тоа го прави.

„Како што секогаш велевме, единствените кои ќе одложат и ќе бидат деструктивни се Русите“, додаде тој.

„Тие сакаат војна. Путин украде години мир и ја продолжува оваа војна - ден за ден“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател на крајот ги повика сојузниците да го зголемат притисокот врз Путин и да воведат дополнителни санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 19 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 21 час

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 23 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања