Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зеленски ги отфрли шпекулациите: Украина нема да испраќа војници на Гренланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
a988a7fd-4c8e-42e2-b661-094ba2cc736b

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на онлајн-конференција одговори на прашања поврзани со можната улога на украинските вооружени сили на Гренланд, во контекст на сè поизразените американски притисоци врз Европа околу арктичкиот остров.

Новинар го праша Зеленски дали Украина би испратила војници на обука на Гренланд доколку тоа го побара Данска, вклучително пилоти или оператори на дронови, како и дали Киев добил дозвола од Европската Унија да купува американско оружје со европски средства, имајќи ги предвид актуелните тензии околу Гренланд.

— реклама —

Зеленски изјави дека вториот дел од прашањето не го разбрал целосно, но потврди дека програмата ПУРЛ функционира и дека Украина со средства од Европската Унија набавува оружје од Соединетите Американски Држави, пред сè системи за противвоздушна одбрана.

Во однос на евентуално испраќање украински војници, тој нагласи дека Украина води одбранбена војна против руската инвазија и дека сите расположливи сили се ангажирани на фронтот.

— реклама —

„Во вакви услови, тоа прашање е излишно. Сите наши сили се насочени кон одбраната на земјата“, рече Зеленски, додавајќи дека такво распоредување не се разгледува, особено затоа што Украина не е членка на НАТО и членството не е на повидок.

Изјавата доаѓа во време кога тензиите околу Гренланд се зголемени, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно го истакна интересот на САД за контрола врз островот, повикувајќи се на безбедносни причини и потенцијални закани од Русија и Кина. Локалните власти тоа остро го отфрлија, нагласувајќи дека Гренланд не е на продажба и дека за неговата иднина одлучуваат народот на Гренланд и Данска.

Зеленски, исто така, повтори дека Украина и Европа треба да размислат за формирање заеднички одбранбени сили, предупредувајќи на најавите дека Русија планира значително зголемување на својата армија до 2030 година. Тој додаде дека нема застој во комуникацијата меѓу Киев и Вашингтон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 6 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 6 дена

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Пукање во училиште во Украина: ученик ранил соученик

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања