Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зеленски: САД премногу бара отстапки од Украина, а премалку од Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави премногу често бараат отстапки од Украина, а не од Русија, но нагласи дека и понатаму се надева оти продолжението на мировните преговори ќе биде сериозно и суштинско. По минатонеделната средба на руски и украински воени претставници во Абу Даби, разговорите меѓу Украина, Русија и САД следната недела се селат во Женева.

— реклама —

Според изјавите на сите страни, усогласени се речиси 90 проценти од договорот, но најсложените прашања сè уште остануваат отворени, меѓу нив територијалниот статус и нуклеарната централа „Запорожје“.

— реклама —

„Искрено се надеваме дека трилатералните состаноци следната недела ќе бидат сериозни и содржински и дека ќе ни помогнат. Но, искрено, понекогаш имам чувство дека страните зборуваат за сосема различни работи“, изјави Зеленски на Безбедносната конференција во Минхен.

— реклама —

Тој додаде дека чувствува одреден притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повикал да не ја пропушти можноста за постигнување мир во блиска иднина.

„Американците често се враќаат на прашањето за отстапки и премногу често тие се разгледуваат само во контекст на Украина, а не на Русија“, истакна Зеленски.

Сепак, украинскиот претседател изрази надеж дека САД ќе останат активно вклучени во процесот, како и дека Европа, која во последниот период е маргинализирана, ќе добие позначајна улога во разговорите.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека САД ќе продолжат да работат на постигнување мировен договор за Украина, но дека останува отворено прашањето дали Русија навистина е подготвена да го заврши конфликтот. „Не знаеме дали Русите се сериозни во однос на крајот на војната. Ќе продолжиме да го тестираме тоа“, рече Рубио во Минхен.

Тој нагласи дека во меѓувреме Вашингтон продолжува да врши притисок врз Москва преку нафтени санкции и преку поддршка на Украина со испораки на оружје преку НАТО, со цел да се зајакне позицијата на Киев во преговарачкиот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 7 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 9 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 12 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања