Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Жерновски: Советник на премиер за уставен судија е сигнал за потчинување на институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-libraryjhv6kir83kod1UiOiHU

Членот на Централниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, остро реагира на одлуката на премиерот Христијан Мицкоски да предложи свој советник за уставен судија, оценувајќи дека станува збор за политички сигнал, а не за административен потег.

Според Жерновски, наместо јакнење на институционалните баланси, државата се соочува со обиди за нивно потчинување. Тој посочува дека Уставен суд на Република Северна Македонија има клучна улога во заштитата на уставноста и законитоста, како и во контролата на законите и одлуките на извршната и законодавната власт.

— реклама —

„Кога премиер предлага човек од својот најтесен советнички круг за уставен судија, се отвора сериозен институционален проблем. Не станува збор за личниот квалитет на кандидатот, туку за принципот на поделба на власта“, наведува Жерновски, прашувајќи како ќе одлучува за уставноста на владините политики лице што до неодамна било дел од тимот што ги креирал.

Дополнително, тој предупредува дека ваквите потези испраќаат загрижувачки сигнал кон европските партнери во момент кога внимателно се следи состојбата со владеењето на правото. Според него, наместо демонстрација на институционална зрелост и посветеност на реформите, се создава впечаток на ерозија на контролните механизми.

— реклама —

„Кога контролорот ќе стане дел од контролираниот, демократијата престанува да биде систем – и станува фасада“, порачува Жерновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд поништи законско решение: Намалувањето на судиските плати е неуставно

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc1fobkt3ipfi3kfiar8

Оспорени платени отсуства и коефициенти: Шест иницијативи пред Уставниот суд, меѓу нив и договорот за култура

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryar214oqn9b55fERT9gt

ВЛЕН критикува: Уставниот Суд наликува на југословенска политичка елита

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања