Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Животот на мажот кој утрово се самозапали пред хрватската Влада во опасност, изгореници од четврти степен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
hrvatska

Лекарите од Клиниката за трауматологија соопштија дека мажот се здобил со изгореници од четврти степен речиси по целото тело и дека неговиот живот е во животна опасност и моментално е без свест.

— реклама —

-Вакви изгореници одамна немаме видено, ќе се обидеме да го спасиме, рекоа лекарите, додавајќи дека прогнозата е лоша. – Но, да му дадеме шанса на човекот, додадоа и потврдија дека се работи за човек кој има 67 години.

— реклама —

Истражната екипа на криминалистичката полиција дошла на Клиниката за трауматологија каде се лекува човекот кој утрово се самозапали на Марково трг. Ќе ги земат сите докази и остатоците од облеката што мажот ја носел во моментот кога се самозапалил.

— реклама —

„Добивме дојава од Владата дека човек се самозапалил, дотрчавме до него, веќе беше изгаснат, но со изгореници по целото тело бидејќи беше целосно полиен со бензин. Дишеше, контактибилен и само извикуваше: „Торба, торба“. Претпоставувам дека мислеше на чантата што беше во негова близина. Му дадовме инјекција со опијати, кислород, а итната помош го однесе кај Драшковиќева“, изјави за 24 часа пратеничката докторка Гордана Штајмингер.

Пред зградата на Владата бил и претставникот на партијата ,,Ние можеме" Дамир Бакиќ, во телефонски разговор за РТЛ рекол дека видел човек како се полева и истрчал кај обезбедувањето, но полицајците од Бански двор биле побрзи и дотрчале со противпожарни апарати, вели тој.

- Во шок сум, не можам да си дојдам на себе - рекол Бакиќ.

Премиерот Андреј Пленковиќ и неговите соработници веднаш штом дознал за немилиот настан излегле на плоштадот Свети Марко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешна хрватска премиерка за Вучиќ: Нема тој што да бара во Хрватска

Свет | пред 2 часа

sneg-2

Снег го затрупа автопатот во Горски котар во Хрватска, испратено предупредување до граѓаните

Свет | пред 4 дена

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Свет | пред 6 дена

873x400-1-16

Хрватска има нафта само за три месеци

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања