Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Инфантино им постави ултиматум на федерациите: Поддржете го планот или ќе останете без финансиска помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се најде во центарот на нова контроверзија, откако во јавноста се појавија информации дека националните фудбалски федерации се ставени под притисок да го поддржат неговиот план за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство.

Според британскиот „Тајмс“, Инфантино испратил писмо до сите 211 членки на ФИФА, во кое им поставил рок до 19 септември да се изјаснат за предлогот.

— реклама —

Во писмото, како што пренесуваат медиумите, се наведува дека федерациите што ќе го поддржат планот би добиле дополнителна финансиска поддршка, додека оние што нема да дадат согласност би останале само со средствата предвидени во постојната програма на ФИФА.

Според информациите, доколку предлогот биде усвоен, ќе биде обезбеден пакет од околу 10 милијарди долари за финансирање, а секоја федерација би можела да добие до 40 милиони долари. Во спротивно, средствата би останале на нивото од околу 2,7 милијарди долари, што е значително помалку.

— реклама —

Инфантино во писмото нагласил дека одлуката е на самите федерации, но истовремено посочил дека постои и алтернативен модел доколку предлогот не биде прифатен.

По објавувањето на информациите следуваа остри реакции. Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека претходно не била информирана за ваков предлог и дека нема доволно информации за неговата содржина.

— реклама —

УЕФА, пак, упати силни критики, оценувајќи дека ваквиот пристап претставува опасен преседан.

„Ова ја преминува границата што фудбалските управни тела никогаш не смеат да ја преминат. Душата и управувањето со фудбалот не се имот што може да се продава. Никој од нас не го поседува фудбалот, а тој не е сопственост на ФИФА за да може да го продава“, порача европската куќа на фудбалот.

Очекувањата се дека во наредниот период ќе следуваат нови реакции од националните федерации, лигите и другите чинители во светскиот фудбал, бидејќи станува збор за една од најконтроверзните иницијативи на ФИФА во последните години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

По извинувањето, Инфантино ја продолжува кампањата за нов мандат – бара поддршка од Азија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Бивш фудбалер ќе се бори за прв човек на ФИФА, изборите во март 2027 година

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Германскиот фудбалски сојуз против Инфантино: „Мора да му се стави крај на неговиот систем“

Спорт | пред 1 месец

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА го смени оперативниот директор кој го критикуваше Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања