Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Инфлацијата во Шпанија достигна 3,6 отсто, највисока во последните две години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
inflacija

Инфлацијата во Шпанија продолжува да расте и во јули достигна 3,6 отсто, со што петти месец по ред останува над границата од три отсто. Станува збор за највисока стапка од мај 2024 година, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика (INE).

Најголем притисок врз растот на цените имаат енергенсите, особено електричната енергија и горивата. На состојбата влијаат и геополитичките тензии, вклучително и ограничувањата во Ормускиот Теснец.

— реклама —

Цената на електричната енергија во јули достигнала околу 105 евра за мегават-час, што е најголем меѓугодишен раст од јули 2022 година. Дополнителен притисок создава и зголемената потрошувачка на електрична енергија поради топлотните бранови.

— реклама —

Шпанската влада во меѓувреме активирала автоматско намалување на данокот на горивата. Мерката е донесена откако меѓугодишниот раст на цената на дизелот надминал 15 отсто. Даночното оптоварување ќе се намали за 20 центи по литар, наместо досегашните пет центи.

Мерката, која е дел од владиниот план за справување со последиците од кризата предизвикана од нападите врз Иран, наиде на критики од левичарските партии, кои тврдат дека дистрибутерите не го пренесуваат целосниот попуст до потрошувачите.

— реклама —

Од друга страна, растот на цените на храната забавува. Во јули меѓугодишната стапка изнесувала 1,6 отсто, што е за 0,3 процентни поени помалку од јуни и најниско ниво од 2021 година.

— реклама —

Во текот на месецот поевтиниле овошјето, зеленчукот и мешунките, а пониски биле и цените на облеката и обувките поради сезонските попусти.

Според официјалните податоци, состојбата со економијата, заедно со станбеното прашање, останува меѓу најголемите грижи за граѓаните на Шпанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Санчез најави помош за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Шпанија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија: За преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања