Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Инспектор од Кочани ќе одговара кривично: Не го одзел мобилниот на уапсено лице и овозможил да го ракува, а потоа и изнесе од станицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
mobilen-telefon

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.Б. до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Пријавениот, кој бил вработен како помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, се сомничи дека со намера да сокрие и уништи докази неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што можат да послужат како доказ во постапка.

— реклама —
— реклама —

Според наводите, при лишување од слобода на осомничено лице и негово спроведување во полициска станица, не го одзел мобилниот телефон, со што му овозможил да ракува со него и подоцна да го изнесе од станицата, правејќи го доказот неупотреблив во постапката за продолжено кривично дело „измама“.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола најави дека против пријавениот ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола

Македонија | пред 14 часа

media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

„Има груба манипулација од локален јавен обвинител, соучесник во процесот, постои поинаков извештај од приложениот“, Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски

Македонија | пред 15 часа

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Запалено возило со косовски регистарски таблички во Скопје

Македонија | пред 16 часа

paralizator

Со електричен парализатор ограбил продавница, кривична за прилепчанец

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања