Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Инспекторите за животна средина на Град Скопје затекнаа огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
zapalena-deponija

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денес затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут.

— реклама —

Град Скопје за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.

— реклама —

На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители.

— реклама —

Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 1 месец

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 1 месец

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања