Промени тема
Контакт

Иран ќе оствари приход од 364 милиони долари за време на примирjето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Бродовите блокирани во Ормускиот теснец ќе му овозможат на Иран приход од повеќе од 360 милиони долари преку премин низ овој клучен пловен пат, објави агенцијата Tasnim.

Високата аналитичарка на компанијата „Kepler“, Аменех Бакр, наведува дека „172 милиони барели сурова нафта и нафтени деривати се наоѓаат на 182 бродови во Персискиот Залив и чекаат дозвола за премин низ Ормускиот теснец“.

Вклучувајќи такса од два милиони долари по брод, Иран ќе заработи вкупно 364 милиони долари во текот на овој период.

— реклама —

Транзитот низ Ормускиот теснец ќе се одвива во координација со иранските оружани сили, истакна иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

— реклама —

Во соопштението, Аракчи прецизира:

„За време на две недели, безбеден премин низ Ормускиот теснец ќе биде возможен преку координација со иранските вооружени сили и земајќи ги предвид техничките ограничувања“.

— реклама —

Ова е една од клучните точки на двонеделното примирје меѓу Иран и САД, бидејќи обезбедува бродовите да можат да минуваат низ теснецот без ризик од судир, додека Иран истовремено остварува значителен приход од транзитот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysaab13t5p5ki7bPSfGb

Иран: Американскиот „економски војна“ против Техеран би го прекршила меѓународното право

Свет | пред 30 минути

media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy

Иран годинава погубил најмалку 901 лице

Свет | пред 2 дена

media-libraryoquv7j8umiuh0N3pTZD

Иран размислува за ширење на војната во Европа: На нишан американски бази во Бугарија и Кипар

Свет | пред 2 дена

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран потврди: Постигнат договор со Оман за безбедна рута низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања