Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран се закани: Ормускиот теснец ќе остане затворен, ќе ги гониме предавниците 24 часа дневно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците, додека планира да го затвори Ормускиот теснец, клучна точка за глобалната трговија со нафта.

— реклама —

Државната телевизија ИРИБ њуз објави изјава во која им се заканува на потенцијалните демонстранти со уште пожестока пресметка отколку за време на немирите кон крајот на декември и почетокот на јануари, кога, според американските активисти за човекови права во Иран (HRANA), загинале повеќе од 7.000 луѓе.

— реклама —

„Ќе ги гониме предавниците 24 часа дневно“, се наведува во соопштението.

Корпусот на исламската револуционерна гарда додаде дека, по наредба на новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, сите танкери и бродови во Ормускиот теснец ќе мора да ги почитуваат иранските прописи заради сопствена безбедност. Гардата исто така најави дека ќе продолжи со нападите „со полна сила“ врз цели на САД и Израел во регионот.

— реклама —

Поради иранските напади врз комерцијални бродови, сообраќајот низ теснецот, широк околу 55 километри меѓу Иран и Оман, практично е запрен, што предизвикува сериозна нестабилност на глобалниот енергетски пазар и раст на цените на нафтата и бензинот.

media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

САД најавија придружба на танкерите низ Ормускиот Теснец по иранските напади

Американската морнарица ќе почне да ги придружува нафтените танкери низ Ормускиот Теснец со цел да се обезбеди нивно безбедно минување по серијата ирански напади врз бродови и енергетска инфраструктура во Персискиот Залив, објави „Скај њуз“.Поради ескалацијата на нападите, цената на нафтата во четвртокот порасна над 100 долари за барел, додека акциите на светските берзи забележаа пад.Информацијата ја потврди американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Скај њуз“, истакнувајќи д

Свет | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања