Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иранскиот претседател до Трамп: „Нема да паднеме на колена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во говорот пред Генералното собрание на ОН ги отфрли тврдењата изнесени претходниот ден од американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека Иран е подготвен за дијалог и преговори, но не прифаќа разговори под притисок на сила.

Пезешкијан ги обвини САД за напади врз Иран и потсети на нападот врз училиште во Минаб на 28 февруари, за кој рече дека загинале најмалку 120 деца. За време на говорот тој покажа фотографии од уништеното училиште и од загинатите деца. Во тој момент единствениот американски делегат во салата ја напушти просторијата.

— реклама —

Иранскиот претседател воедно се осврна на ситуацијата во Газа, која ја опиша како „отворена рана на совеста на меѓународната заедница“, оценувајќи дека таа претставува симбол на неуспехот на меѓународните механизми да го спречат страдањето на цивилите.

Пезешкијан нагласи дека Иран во последните два века не нападнал ниту една земја или територија, туку, како што рече, секогаш се бранел. Тој посочи дека Техеран сака моќ за напредок и одбрана, а не за агресија.

— реклама —

Говорејќи за нуклеарната програма, Пезешкијан истакна дека Иран се стреми кон развој на мирнодопска нуклеарна технологија и категорично порача дека земјата нема да се откаже од тоа право.

„Јасно изјавуваме: без нуклеарно оружје и без ограничувања за мирнодопската нуклеарна технологија“, рече тој.

— реклама —

Тој се осврна и на Ормускиот Теснец, нагласувајќи дека Иран нема да дозволи овој воден пат да се користи за наметнување агресија врз земјата. Во исто време, Пезешкијан посочи дека Иран ги гледа соседите како партнери, а не како безбедносни ривали, и дека се залага за соработка за постигнување регионална безбедност.

На крајот од говорот, иранскиот претседател директно му се обрати на Трамп, велејќи дека Иран е подготвен за дијалог, дипломатија и преговори, но без прифаќање на „јазикот на силата“.

Трамп во својот говор пред Генералното собрание на ОН претходниот ден предупреди дека конфликтот би можел да доведе до „уништување на Исламската Република“ доколку не биде постигнат договор за негово завршување.

Подоцна Трамп изјави дека американски претставници имале „многу добра“ тричасовна средба со иранската делегација. Тој исто така предвиде дека неговата администрација ќе постигне мировен договор со Иран по американските избори на средината на мандатот на 3 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 2 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 4 дена

media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy

Американски сенатор ја поддржа одлуката на Трамп: Нема отстапки за Иран

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања