Промени тема
Контакт

„Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче кои се ментори на неговата кариера“ , вели Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8dpbraeoj38qe4ilGvO

На денешната пре-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Антонио Милошоски обвини дека главниот обвинител во ОЈО ГОКК, Ислам Абази, има „лична и политичка концесија“ кон Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче, кои според него се „ментори на неговата кариера“.

— реклама —

На прес-конференција, Милошоски рече дека случајот „Мазут“ доживеал „тивка амнестија“ со одлуката на Обвинителството да ја прекине истрагата за предметот.

— реклама —

Тој посочи дека предметот се однесувал на набавка на мазут вредна 167 милиони евра, а меѓу лицата кои биле опфатени ги наведе Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски.

Според Милошоски, иако истражители од Министерство за внатрешни работи обезбедиле докази за корупција, обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ одлучиле да ја прекинат истрагата.

— реклама —

Тој го повика Совет на јавни обвинители да спроведе надзор над работата на обвинителите во ОЈО ГОКК и да ја испита одлуката за прекинување на истрагата.

— реклама —

„Јавноста има право да го дознае секој детал за оваа набавка од 167 милиони евра“, рече Милошоски, додавајќи дека владеењето на правото не се зајакнува со прекин на истраги, туку со судска постапка во која ќе се соочат аргументите на сите страни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1rae8j1t9e4t24JCcnF

Милошоски и Белимова на средба со ирска парламентарна делегација во Тирана

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library79t48j4ai8tg9XAsVUh

„Европската комисија ја потврди Македонија како лидер во реформите, СДС да не ги блокира законите од Реформската агенда“, вели Милошоски

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd3h4gpcf44mt8wRbKpx

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Македонија | пред 3 месеци

media-library6kd50vatmg696mjwntR

Милошоски: Блокадата од СДС на Изборниот законик не е оправдана, опозицијата е отсутна од реформските дебати

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања