ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел навремено информирање на граѓаните.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 7 до 11 септември 2026 година зел вкупно 174 примероци вода за физичко-хемиска анализа и уште 174 примероци за микробиолошка анализа.
Примероците биле земени од 54 мерни места на територијата на град Скопје.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека според добиените резултати од лабораториските испитувања, сите анализирани примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“ бр. 183/18).
Резултатите потврдуваат дека водата за пиење во Скопје е безбедна и соодветна за употреба.