Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во периодот од 24 до 27 август, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење.
Примероците биле земени од 45 мерни места на територијата на градот Скопје.
Според добиените резултати од испитувањата, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека извештајот се објавува со цел граѓаните навремено да бидат информирани за квалитетот и безбедноста на водата што ја користат за пиење.