Промени тема
Контакт

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитаните 44 примероци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15
Photo by Swanky Fella on Unsplash

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје продолжува со секојдневните контроли на квалитетот и безбедноста на водата за пиење, а последните анализи покажуваат дека водата од скопскиот водоснабдителен систем ги исполнува пропишаните стандарди.

— реклама —

Во текот на 26 август, Секторот за санитарна контрола при претпријатието зел 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.

— реклама —

Од „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, како и според соодветните стандарди за земање примероци од водоводните дистрибутивни системи.

На сите земени примероци се вршат физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитираните лаборатории при Секторот за санитарна контрола, согласно стандардот ISO 17025:2018.

— реклама —

Според добиените резултати, сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од јавното претпријатие посочуваат дека контролите продолжуваат во рамки на редовниот мониторинг, со цел навремено да се следи квалитетот и безбедноста на водата што ја користат скопјани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Новиот лабораториски извештај потврди: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Испитани 348 примероци од 54 мерни места: Водата во Скопје е безбедна

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Скопје е безбедна за пиење, сите анализирани примероци се исправни

Скопје | пред 1 месец

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата за пиење во Скопје е безбедна, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања