ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел граѓаните да бидат информирани за резултатите од извршените анализи.
Во периодот од 21 до 25 септември, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 402 примероци вода од 47 мерни места низ Скопје. Од нив, 201 примерок биле испитани за физичко-хемиски, а 201 за микробиолошки параметри.
Според добиените резултати, сите испитани примероци одговараат на барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење, согласно важечкиот правилник.