Промени тема
Контакт

Истрагата ќе ја завршат, ама него го нема: Македонија не успева да стигне до Артан Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
artan-grubi

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е практично завршена и дека се чека единствено на неговата екстрадиција. Како што истакна во гостување во „360 степени“ на МРТ 1, сите докази се собрани, вклучително и финансиската истрага, но Обвинителството не располага со информација каде се наоѓа Груби, бидејќи тоа не е во нивна надлежност.

Во однос на наодите од извештајот на Европската комисија, каде се нотира дека „корупцијата останува распространета во многу области и претставува сериозна загриженост“, Коцевски смета дека за ефикасна борба против корупцијата мора да се создадат вистински услови – истражители, истражни центри и форензичари кои ќе ја водат работата.

На прашањето дали Обвинителството го дава максимумот, Коцевски тврдеше дека институцијата работи „повеќе од максимумот“, и дека јавноста добро ги знае сложените случаи со кои се соочуваат обвинителите.

— реклама —

Посочувајќи ја реакцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски – дека МВР поднесува кривични пријави, а Обвинителството селективно постапува – Коцевски одговори дека таквата констатација е неточна.

„Јавното обвинителство постапува неселективно. Доказ за тоа е и предметот за Кочани, каде работевме по пријави на МВР“, рече тој, додавајќи дека Министерството поднело околу 14.000 пријави, а вкупниот број од сите институции и граѓани надминува 20.000.

— реклама —

Според Коцевски, Обвинителството работи на крајниот праг на своите капацитети.

— реклама —

„Со околу 70 обвинители помалку од потребното, а претходно и со сто помалку, ние работиме во рамките на можностите – и повеќе“, нагласи тој.

Коцевски се повика и на законската обврска: Обвинителството мора да постапува по секоја кривична пријава и да прибира докази врз кои ги носи одлуките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

artan-grubi

На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“

Македонија | пред 1 седмица

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Ахмети до Груби: Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа

Македонија | пред 1 седмица

51527416724_29ef17fba6_c

Груби за пола месец може да излезе од куќен притвор, а обвинителот молчи зошто истрагата не е завршена иако тврдеа дека имаат докази

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Груби останува во куќен притвор под надзор, продолжена истата мерка по барање на обвинител

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања