Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Истражување открива: Кои овошја и зеленчуци имаат најмногу остатоци од пестициди?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-librarygp552ob7sdna9ABrvOZ
unsplash

Јагодите и годинава се најдоа на врвот на листата на овошје и зеленчук што содржи најмногу остатоци од пестициди, покажуваат најновите анализи на непрофитната организација Environmental Working Group (EWG).

— реклама —

Истражувањето опфатило 46.569 примероци од 46 различни видови овошје и зеленчук. Покрај јагодите, меѓу производите со најголемо присуство на пестициди се спанаќот, кељот, праските, крушите, нектарините, јаболката, грозјето, црешите, боровинките и боранијата.

— реклама —

Од друга страна, авокадото, ананасот, кромидот, грашокот, аспарагусот, кивито, зелката, печурките, мангото, бататот, лубеницата и морковот се издвојуваат како намирници со најмалку остатоци од пестициди.

Иако анализата се однесува на производи одгледувани или увезени во САД, податоците за Европа исто така покажуваат загрижувачки трендови. Според организацијата PAN Europe, голем дел од крушите, трпезното грозје, јаболката, сливите и малините што се продаваат на европскиот пазар содржат остатоци од пестициди што се поврзуваат со зголемен ризик од сериозни заболувања.

— реклама —

Анализата на повеќе од 44.000 примероци свежо овошје, тестирани меѓу 2011 и 2020 година, покажала дека контаминацијата кај јаболката, крушите и сливите речиси се удвоила во последната деценија.

— реклама —

Во 2020 година, дури 33 проценти од анализираните примероци овошје содржеле остатоци од пестициди, во споредба со 20 проценти во 2011 година, што укажува на растечки тренд на контаминација на овошјето на европскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања