Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Италија сака да воведе казни за пешаци кои користат мобилен телефон додека преминуваат улица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryog3oldc3shbt5pf0NuG
Photo by Lara on Unsplash

Пешаците во Италија кои ќе користат мобилен телефон додека ја преминуваат улицата наскоро би можеле да бидат казнети со 75 евра. Мерката е дел од предлог-измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои италијанското Министерство за транспорт сака да ја зголеми безбедноста и да го намали бројот на сообраќајни незгоди.

Предлог-законот, чие усвојување се очекува до средината на октомври, предвидува казни за пешаци кои користат мобилни телефони додека ја преминуваат улицата. Забраната би важела и за употреба на други електронски уреди, како лаптопи, таблети и дигитални фотоапарати.

— реклама —

Мерката следува по повеќе судски случаи во кои одговорноста за сообраќајни незгоди била припишана на невнимателни пешаци.

— реклама —

Сепак, предлогот предвидува и исклучоци. Мобилен телефон ќе може да се користи во итни случаи, како и за разговор преку уред без користење раце. Дозволено ќе биде и носење слушалки, но само доколку не го попречуваат слухот на двете уши. Забраната ќе се однесува само на преминување на улица, а не и на движење по тротоар.

Според предлогот, пешаците пред да ја преминат улицата ќе треба да проверат дали возачот ги забележал и дали има намера да запре. Од нив ќе се бара и да не се задржуваат непотребно при преминувањето.

— реклама —

Слични казни за пешаци кои користат телефони при преминување улица веќе има во Литванија, додека Хонолулу во 2017 година стана првиот град во светот што воведе ваков пропис. Слична мерка во 2020 година воведе и јапонскиот град Јамато.

Предлог-законот предвидува и значително повисоки казни за возачи кои користат мобилен телефон додека управуваат возило. За повторен прекршок казната би можела да достигне 2.588 евра, а предвидено е и одземање на возачката дозвола во период од еден до три месеци.

Од друга страна, предлогот за ограничување на возењето за лица постари од 85 години нема да биде дел од новиот закон. Со првичниот предлог се разгледуваше можноста на овие возачи да им биде дозволено да возат само во радиус од 100 километри од домот и да им биде забрането користење автопати, но италијанското Министерство за транспорт потврди дека мерката е отфрлена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 ден

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

(Видео) Италија воведува драстични мерки по немирите: Построги казни и за малолетниците

Свет | пред 3 дена

media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Италија се подготвува за силно невреме: Се очекуваат до 200 литри дожд за неколку часа

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања