Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Италијански остров дава 15 илјади евра за привлекување жители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
9029634

Откако некои делови од Италија веќе решија да им платат на луѓето за да привлечат нови жители во нивните рурални средини, на ист начин почнаа и во Сардинија, пренесува порталот bizlife.rs.

Добрата вест е што не мора еднаш да ги враќате парите што ги добивате, бидејќи тие се наменети да се борат против депопулацијата на руралните области и да обезбедат економски стимулации за постојните жители.

Сардинија е позната по некои од најголемите, најубавите и најчистите плажи во Европа.

— реклама —

Со градови полни со култура и огромен број сончеви денови во годината, тешко е да се замислат уште многу места на планетата на кои би било попријатно да се живее.

Сепак, има неколку работи што треба да се завршат за да се добијат парите:

— реклама —

Парите мора нужно да бидат наменети за купување или реновирање куќа, а за да ги исполните условите треба да се населите во општина на Сардинија со помалку од три илјади жители, а потоа на сметката добивате точно 15.000 евра.

За овој проект вкупно се предвидени околу 46,5 милиони евра, што ќе биде доволно за најмалку 3.000 домаќинства.

Ова не е единственото италијанско место со ваква понуда за имигранти.

— реклама —

Имено, минатата година беше најавено дека два италијански града ќе плаќаат заинтересирани лица за да се преселат - под услов апликантите да имаат, како што е наведено, „активна“ работа што може да се врши од далечина.

Имено, средновековниот италијански град Санта Фиора во Тоскана и градот Риети во регионот Лацио нуделе до 200 евра или 50 отсто од вкупната кирија на луѓето кои се преселиле и изнајмиле стан или куќа во со цел да ги извршуваат своите работи од далечина.

Оваа атрактивна понуда е дел од пошироката шема која има за цел да ги охрабри луѓето да се преселат во недоволно населените региони и на тој начин да вдишат нов живот и пари во локалната заедница.

Исто така, за време на пандемијата во Италија, во општината Чинкефронди, каде што нема корона, можеше да се купи куќа за едно евро.

Градоначалникот Микела Конија оваа акција ја нарече „Операција убавица“, а се работи за проект чија цел е да се запре иселувањето на младите во потрага по работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 2 дена

— реклама —
dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 5 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 седмица

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања