„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Итен состанок во Данска за Гренланд: „Никој нема ни со прст да мрдне за да ни помогне“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj
Unsplash

Синоќа, на празникот Богојавление по католичкиот календар, под необично строги безбедносни и тајни мерки, во Копенхаген се состана државниот врв на Данска за да ја утврди стратегијата во кризата околу Гренланд. По околу два часа пред новинарите излезе министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен и рече дека ќе побара средба со неговиот американски колега Марко Рубио за да се „разјасни недоразбирањето“.

— реклама —

„Мораме да разјасниме одредени недоразбирања што настанаа. Веруваме дека ситуацијава е последица на погрешно толкување. На пример, неточно е дека руски и кинески бродови пловат во близина на Нуук, на Гренланд“, рече Расмусен, додавајќи дека заедно со министерската за надворешни работи на Гренланд, Вивиан Мотсфелд, ќе отпатуваат во Вашингтон, но дека засега не знае кога.

Станува збор за очигледен обид да се смири тензијата и за многу поблага реторика од онаа на данската премиерка Метe Фредериксен последниве денови, која поради состанокот на Коалицијата на подготвени во Париз не присуствуваше на средбата во Копенхаген.

— реклама —

Расмусен нагласи дека „САД не можат едноставно да го добијат Гренланд“, но веднаш додаде дека се согласува со американскиот претседател Доналд Трамп дека на Арктикот постојат одредени безбедносни предизвици.

Соработка – да, предавање суверенитет – не
Тој изрази подготвеност за соработка и за зголемување на американското присуство на Гренланд, но не и за откажување од суверенитетот над најголемиот остров во светот. Не доаѓа предвид ниту продажба на Гренланд, за што изминативе 24 часа се зборува во Вашингтон, нагласи Расмусен.

Но состанокот во Копенхаген не беше најдобро применет на самиот Гренланд. Пипалук Линге, претседателка на Комисијата за надворешна и безбедносна политика во парламентот на Гренланд, изрази незадоволство што ниту еден претставник од островот не бил поканет. Данските политичари веднаш одговорија дека поради чувствителноста на темата сите учесници морале физички да бидат присутни во Копенхаген.

„Значи, тие одржуваат состанок за нас – историски состанок за нас – без нас. Тоа е неоколонијалистички пристап. Оваа фрустрација постои меѓу населението на Гренланд со години. Затоа сакаме независност, бидејќи немаме чувство дека сме рамноправни. Не сакаме да бидеме граѓани од втор ред“, изјави Линге за данската јавна телевизија ДР.

И додека анкетите по улиците на данските градови покажуваат извесно незадоволство и разочараност од реакцијата на владата на американските претензии, данските експерти за меѓународни односи немаат никакви илузии што би се случило со Гренланд доколку Трамп истрае и стане поагресивен во своите намери.

„Американската воена машина е пресилна“
„Ако САД одлучат да го нападнат Гренланд, што засега е тешко замисливо, ќе останеме сами. Никој нема ни со прст да мрдне – во строго воена смисла. Никој нема да ни помогне“, изјави за ДР Петер Вигo Јакобсен, доцент на Институтот за стратегија и воени студии при Данската одбранбена академија.

Според прописите, данската војска би морала да реагира во случај на напад без да чека наредба од Копенхаген, но Јакобсен смета дека секоја борба би била „целосно бесмислена“:
„Гренланд е многу далеку, многу е студено и условите за борба се ужасни. Американската воена машина е едноставно преголема и пресилна за воопшто да може нешто да се направи.“

На прашањето на ДР дали тогаш поддршката од европските сојузници се сведува само на убави зборови, Јакобсен заклучува:
„Се разбира, никој нема да гине за Гренланд. Како што ни ние не планираме да гинеме за Украина. Даваме пари и оружје, но нема да гинеме. Ако Американците нападнат – играта е завршена. А Гренланѓаните ќе мора да се помират со тоа дека имаат нов газда.“

„САД нема да го освојат Гренланд со воена сила“
Со тоа се согласува и Јакоб Линет Шмид, докторанд во Данскиот институт за меѓународни студии и експерт за одбранбена политика, кој исто така не верува дека САД би го окупирале Гренланд воено, но доколку тоа се случи, не гледа никаква надеж за Данска.

„Би било самоубиствено да се влезе во воен судир со САД на Гренланд. Дури и со помош на европските сојузници. Секако, Данска има поголеми воени капацитети отколку што Трамп признава кога се потсмева со коментарите за санки со кучиња – но тоа сепак не е доволно“, изјави Шмид за ДР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Трамп нуди по еден милион долари за секој жител на Гренланд? Би потрошил вкупно 58 милијарди долари

Свет | пред 20 часа

grenland

Како Европа може да му се спротивстави на Трамп околу Гренланд

Свет | пред 1 ден

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Данска потврдува: Во случај на американска инвазија на Гренланд, војската има наредба веднаш да отвори оган

Свет | пред 1 ден

media-library2h7328lt783640HaCUr

Франција разработува план за одговор ако САД тргнат кон Гренланд

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања