„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Итно се подготвуваат засолништата во Молдавија: Граѓаните добија карта во случај на напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-03-18-at-19.58.18

Молдавските власти имаат намера брзо да обноват што е можно повеќе засолништа за цивилна одбрана.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи Адриан Ефрос наведува дека минатата година надлежните служби направиле попис на сите прифатилишта што постојат во земјата и констатирале бројни проблеми, пренесува српски Курир.

"Тие се во добра состојба и опремени со се што е потребно. Но, повеќето од нив бараат сериозни инвестиции бидејќи се напуштени долги години. Покрај тоа, постојат посебни услови за нивно опремување и обезбедување автономија за 10 или 30 дена", рече Ефрос во интервју за Радио Молдавија.

— реклама —

Владата на Молдавија минатата година усвои предлог-закон со кој се предвидува модернизација на засолништата за цивилна одбрана и нивно опремување со потребната опрема и снабдување со вода за пиење.

Според Националната инспекција за технички надзор, регистрирани се 198 објекти за цивилна одбрана, но многу од нив не ги исполнуваат безбедносните барања и не се подготвени за употреба. Дел од нив се во сопственост на приватни лица и се во уништена или поплавена состојба. Некои простории немаат електрични инсталации и вентилација.

„Изготвен е план за нивна реконструкција и натамошно одржување“, изјави вршителот на должноста началник на републичкиот Оддел за технички надзор и контрола, Алексеј Лавриненко.

Беше забележано и дека засолништата достапни во републиката се изградени во шеесеттите и осумдесеттите години на минатиот век со застарени технологии. Вкупно во случај на итност ќе можат да примат 62.000 граѓани.

Во февруари минатата година, Владата на Молдавија објави интерактивна мапа на републичките засолништа за бомби, која може да се користи доколку е потребно во случај на ракетна закана. Тоа беа претежно подземни премини и подруми во станбените згради.

Тогаш републичките власти ваквите мерки ги нарекоа привремени бидејќи земјата се наоѓа во специфична ситуација поради војната во Украина и руските ракетни напади на украинска територија.

Беспилотно летало камиказа во неделата разнесе воен хеликоптер во Придњестровје, а владата на тој одметнат молдавски регион нападот го нарече терористички чин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylfcg11in95fbdxp6Wan

Молдавија ветува членство во ЕУ по победата на проевропската партија на Маја Санду

Свет | пред 2 месеци

izbori

Клучни избори во Молдавија – Европа или Москва?

Свет | пред 2 месеци

orban-2

Прв пат во историјата? „Активирајте ја нуклеарната опција против Унгарија!“

Свет | пред 5 месеци

gasprom

Паника во отцепениот, проруски регион на Молдавија: „Остануваме без струја и греење!“; Премиерот: „Приближете се до Кремљ“

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања