Промени тема
Контакт

Молдавија ветува членство во ЕУ по победата на проевропската партија на Маја Санду

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarylfcg11in95fbdxp6Wan
X

Владејачката, проевропска Партија за акција и солидарност (PAS), предводена од претседателката Маја Санду, успеа да го задржи парламентарното мнозинство на вчерашните избори. По преброени повеќе од 98 отсто од гласачките ливчиња, PAS бележи резултат од 49,6 отсто од гласовите. Прорускиот Домољубив блок, предводен од поранешниот претседател Игор Додон, освојува околу 24,5 отсто, покажуваат податоците на Централната изборна комисија.

— реклама —

Овие парламентарни избори во една од најсиромашните земји во Европа, претежно земјоделска и сместена меѓу Романија (членка на ЕУ) и Украина, се оценуваат како пресудни за идниот курс на Молдавија. Земјата со население од околу 2,4 милиони жители има статус на кандидат за членство во Европската Унија од 2022 година.

— реклама —

Санду изрази надеж дека парламентарното мнозинство на проевропските партии ќе овозможи континуитет на реформите неопходни за приближување кон Европската Унија. Сепак, Партијата за акција и солидарност (PAS) доби помалку поддршка во споредба со изборите од пред четири години.

— реклама —

Властите во Молдавија уште пред изборниот ден ја обвинија Русија за масовно мешање во кампањата преку купување гласови, дезинформации на социјалните мрежи и хакерски напади. Покрај Домољубивиот блок, во парламентот ќе имаат свои претставници и другите партии со проруска ориентација: блокот Алтернатива со освоени 8,1 отсто од гласовите и Нашата партија на бизнисменот Ренат Усати со 6,2 отсто. Парламентот брои 101 пратеник избран на четиригодишен мандат.

— реклама —

Изненадувачки, и Партијата Демократија дома (PPDA), која првично се залагаше за обединување со Романија, ја надмина цензусната граница и обезбеди 5,7 отсто од поддршката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

glasanje

Хаос на изборите во БиХ: Електронскиот систем создава проблеми низ целата земја

Балкан | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryqd9enneqj3gf7eUWO3k

Македонска државјанка обвинета во САД дека незаконски гласала на изборите во 2024 година

Македонија | пред 2 дена

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Нови избори во Косово, Србија отворено ја поддржа Српска листа

Балкан | пред 3 месеци

media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Радев по првите резултати: Подготвени сме за стабилна влада

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања