Промени тема
Контакт

Избрана привремена шефица на местото од Коцевски: која е Тополова-Исајловска?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryleknqgatfrdp87WvueZ

Обвинителката Анита Тополова-Исајловска е именувана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Совет на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата.

— реклама —

Тополова-Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. За јавен обвинител првпат е избрана во 2009 година, во 2013 година преминува во Вишото јавно обвинителство, а три години подоцна е унапредена во републичка јавна обвинителка и станува заменичка на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.

— реклама —

Во јавноста, нејзиното име е познато и поради брачната поврзаност со поранешниот заменик-министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски. Во 2016 година, истражувачката емисија 360 степени објави прилог во кој се поставуваше прашањето како брачната двојка Исајловски, со заедничка основна нето-плата од околу 2.300 евра, успева да сервисира месечни кредитни обврски од 2.200 евра и да живее со преостанати 100 евра месечно.

— реклама —

Во рамки на Јавното обвинителство, Тополова-Исајловска веќе неколку години раководи со одделението за меѓународна правна помош. Во полугодишниот извештај за 2021 година на канцеларијата за врски на Македонија со Европравда беше наведено дека, во речиси сите предмети по кои странски институции побарале информации преку јавната обвинителка за врски Ленче Ристоска, од Тополова-Исајловска не бил добиен повратен одговор.

— реклама —

Со изборот за в.д. државен јавен обвинител, Тополова-Исајловска доаѓа на функција што има клучна улога во функционирањето на обвинителскиот систем, во период кога јавноста со засилен интерес ја следи работата, независноста и отчетноста на правосудните институции во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi9btsqpveo2mfucTRCy

Нов потрес во правосудството: Приведен обвинител од Вишото обвинителство во Битола поради враќање на пасош на бизнисмен

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

Трагедија кај скопскиот аеродром: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања