Промени тема
Контакт

Изгаснати 27 пожари, три се под контрола, еден останува активен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryj722lahbhm831KAEh2p
Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 31 пожар на отворен простор, од кои еден и натаму е активен, три се под контрола, а 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активниот пожар е регистриран на територијата на Општина Ѓорче Петров, во близина на селото Грачани, но во моментов огнот е активен на територијата на Република Косово, каде што зафатил шумски простор.

— реклама —

Под контрола се пожарите во селото Копаница во Општина Сарај, каде што гореле нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Брест, на местото Рамно на Скопска Црна Гора, каде што бил зафатен мешан шумски појас, како и пожарот меѓу селата Буринец и Локов во Струга, каде што горела нискостеблеста шума.

Во текот на денот биле изгаснати уште 27 пожари. Меѓу локациите каде што интервенирале надлежните е и Градскиот парк во Скопје, каде што гореле ниска вегетација и дрвја, како и повеќе локации во Скопје, Бутел, Шуто Оризари, Прилеп, Охрид, Струга, Велес, Липково, Ранковце, Брвеница, Желино, Маврово и Ростуше, Битола, Струмица, Градско, Гостивар и Куманово.

— реклама —

Дел од пожарите биле регистрирани на депонии и места со отпад, додека на други локации биле зафатени сува трева, стрништа, ниска вегетација и шумски површини.

— реклама —

Според ЦУК, информацијата се однесува на состојбата заклучно со 07:30 часот на 4 септември 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Нема активни пожари во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пет пожари на отворено регистрирани до 13 часот, активни се три

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања