Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Изгоре куќа во Пробиштипско, четири големи пожари во Штипско – Ангелов апелира на максимална претпазливост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarymn6mi28b79ef2zoJCUs

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и Штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор, додека голем пожар избувнал и во Општина Пробиштип, кој подоцна се проширил кон Општина Чешиново-Облешево, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

— реклама —

Тој посочи дека силниот ветер, карактеристичен за овој регион, значително го отежнал гаснењето на пожарите.

Според Ангелов, градоначалниците на Штип и Пробиштип успешно ги координирале локалните ресурси, а во гаснењето, покрај пожарникарите, биле вклучени и вработени од комуналните служби и друга механизација.

— реклама —

Поради тешко пристапниот терен на штипскиот Исар, во интервенцијата бил ангажиран и трактор, додека три трактори учествувале во гаснењето на пожарот во Пробиштипско.

— реклама —

„За жал, една куќа во пробиштипско село целосно изгоре. Разговарав со градоначалникот и сопствениците ќе добијат помош и обесштетување од општината и од Владата“, изјави Ангелов.

Тој нагласи дека причините за пожарите сè уште се утврдуваат. За пожарот на Исарот постојат индиции дека можеби настанал при чистење двор или поради допирање на електрични жици, но конечните причини ќе ги утврдат надлежните служби.

Ангелов упати силен апел до граѓаните да не палат оган на отворен простор во текот на летните месеци, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, пасишта или подготовка на скара, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со сериозни последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

Ангелов: Слабостите во системот за кризи се намалуваат, реформите продолжуваат

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

(Видео) Ангелов: Опасноста од пожари и понатаму е многу висока – доволна е само една искра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryduam10o707f3dErKpwH

(Видео) Хеликоптерот кој гасеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава: „Во моментов активни се шест пожари“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryds8qmijc563l4y2iQ0E

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Грачани се движи кон Никиштани, но селото засега не е загрозено

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања