Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Изгубивме, победија студентите“ – Вучиќ го призна изборниот пораз во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library8vfevlpdg6rcfeGVqqd

Александар Вучиќ вечерва призна пораз на предвремените парламентарни избори во Србија, соопштувајќи дека студентската листа освоила мнозинство и дека ќе има меѓу 135 и 140 пратенички мандати во новиот состав на Народното собрание.

„Победи студентската листа. Тие имаат меѓу 135 и 140 мандати, ние имаме 105 мандати. Изгубивме“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Според бројките што ги соопшти, студентската листа освоила околу 2,2 милиони гласови, додека неговата изборна листа добила приближно 1,72 милиони гласови.

— реклама —

Вучиќ се осврна и на најавите на неговите политички противници дека по изборите претставници на досегашната власт ќе ја напуштат земјата.

„Говореа дека некој ќе бега, дека ќе ги пакува куферите. Лажеа“, рече тој.

— реклама —

Тој најави дека неговата политичка опција ќе продолжи да дејствува како опозиција во парламентот.

„Ние ќе имаме 105 или 106 пратеници. Ќе се бориме и ќе покажеме што е опозиција“, порача Вучиќ.

— реклама —

Доколку се потврдат бројките што ги соопшти, студентската листа ќе има самостојно мнозинство во српскиот парламент, кој брои 250 пратенички места.

Станува збор за изборни процени изнесени од Вучиќ, а конечната распределба на мандатите треба да ја потврди Републичката изборна комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања