Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Изненадување за возачите: Системот „Безбеден град“ почна денес – првите СМС-пораки веќе пристигнуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Иако МВР најави дека системот „Безбеден град, безбедна држава“ ќе стартува утре, 1 декември, дел од возачите денес изненадувачки ги добија првите СМС-известувања за регистрирани сообраќајни прекршоци.

— реклама —

Пораките доаѓаат од официјалниот испраќач МВР-СЦ и содржат регистарски ознаки на возилото, како и линк преку кој граѓаните можат да го преземат записникот за констатираниот прекршок. Во документите се наведени сите детали — локација, време, вид на прекршок, измерена брзина, како и техничките податоци од камерите „Tattile“, со датум на бaждарење.

— реклама —

Граѓаните кои веќе ги добија овие пораки велат дека системот очигледно е пуштен во функција еден ден пред најавениот старт. Според МВР, периодот до Нова година треба да биде тест-фаза во која се праќаат само предупредувања, но денешните пораки покажуваат дека камерите веќе активно снимаат и регистрираат прекршоци.

Од 1 јануари, системот ќе премине во целосна примена и секој сторен прекршок ќе биде казнет без толеранција — и во град, и на автопат. Сопствениците на возилата ќе добиваат СМС и мејл известување со записник и платен налог, а рокот за плаќање половина казна ќе биде осум дена од приемот.

— реклама —

Камерите се поставени на повеќе клучни раскрсници во Скопје, како и на автопатите долж коридорите 8 и 10, а целта е намалување на прекумерната брзина, минување на црвено и неправилното паркирање — прекршоци кои во последните години доведоа до серија тешки несреќи со фатални последици.

— реклама —

Судејќи по денешниот ден, технологијата веќе ја презеде работата. Камерите снимаат, системот регистрира, а возачите ги добиваат првите пораки — иако „официјално“ стартот беше закажан за утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања