Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Израел подготвува голема операција за заземање на градот Газа – можно двегодишно герилско војување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
zaloznici-izrael

Израелската армија се подготвува за масовна копнена офанзива против борците на Хамас во градот Газа – административното, политичко и економско срце на појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху одреди симболичен датум за почеток на операцијата – 7 октомври, втората годишнина од најкрвавиот терористички напад врз Израел, кога беа убиени 1.100 луѓе, најмногу цивили, и почетокот на војната во која загинаа околу 60.000 Палестинци.

— реклама —

Според податоците, израелската армија веќе контролира околу 75% од територијата на Газа. Првичните планови за целосна окупација на целиот појас се заменети со стратегија за заземање само на градот, што се смета за еден од последните и најсилни бастиони на Хамас. Урбаната густина, бројните бегалски кампови и комплексната инфраструктура го прават овој потег логистички исклучително тежок.

Нетанјаху најави евакуација на околу 800.000 жители пред влезот на војската, но планот наиде на критики и од опозицијата и од дел од екстремно десничарските партнери во коалицијата. Министерот за финансии Безалел Смотрич оцени дека операцијата е „ризична и без јасна цел за трајна победа“.

— реклама —

Поранешниот армиски офицер Гриша Јакубович изјави дека ќе бидат потребни 3–5 месеци за евакуација на цивилите и влез во градот, каде што се очекуваат жестоки борби на улиците и во тунелите.

— реклама —

„Никој не сака да преземе одговорност за два милиона луѓе – тоа значи обврска за храна, лекови и медицински услуги“, рече тој, додавајќи дека „во герилски војни никој досега не успеал целосно да го елиминира непријателот“.

Хамас реагираше со понуда за „сеопфатен договор“ – ослободување на сите израелски заробеници во замена за прекин на војната и повлекување на израелските сили. Израел одговори дека повлекување од Газа не е опција, а политиката на масовна размена на затвореници за еден војник повеќе не доаѓа предвид по нападот од 7 октомври 2023.

— реклама —

Израелските медиуми јавуваат дека Нетанјахуовиот кабинет и официјално донел политичка одлука за окупација на градот Газа. Војската најави „продлабочување на оперативните планови“ со цел ослободување на таоците и уривање на власта на Хамас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygitprgec63i2cL9kHaz

(Видео) Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени

Свет | пред 4 дена

— реклама —
gaza44

Нови израелски напади врз Газа, најмалку тројца Палестинци загинаа

Свет | пред 1 седмица

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 месец

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања